Акциите на Волстрит се во пад откако беше објавена веста за заминувањето на извршниот директор на Енвидија Џејсон Хуанг. Индексот С&П 500 ослабна за 0,8 насто, додека технолошката берза НАСДАК падна за 1,5 насто.

Акциите на „Енвидија“ паднаа за цели 11 насто и дојдоа на најниско ниво од 2014-та година како последица од турбуленциите во компанијата и оставката на извршниот директор Џејсон Хуанг.

Инвеститорите се загрижени како „Енвидија“ како ќе го продолжи развојот на нејзиното работење без човекот кој со текот на децениите ја изгради позицијата на „Енвидија“ како клучен производител на чипови за вештачка интелигенција.

Дел од инвеститорите ги пренасочи парите во други производители на чипови, па акциите на фирмата „АМД“ пораснаа за 1 насто, а на „Бродком“ за 4 насто.

Сепак, падот се прошири и на други компании поврзани со вештачката интелигенција. „Оракл“ загуби 3 насто од вредноста, „Мајкрон“ 4 насто, додека акциите на компанијата „Небијус“ паднаа за дури 20 насто, поради разочарувачките прогнози за следниот период.

 

Слични новости

150 илјади луѓе присуствуваа на завршниот митинг на студентите, од денеска почна изборнот молк во Србија

150 илјади луѓе присуствуваа на завршниот митинг на студентите, од денеска почна изборнот молк во Србија

„Студентска листа – Студентите победуваат“ има цел во недела на парламентарните избори да стави крај на владеењето на деснопопулистичката Српска напредна партија (СНС) на Вучиќ, кое трае повеќе од 14 години.