Големо глобално пореметување во работата на компанијата „Мајкрософт“ остави милиони корисници ширум светот вез пристап на електронската пошта „Аутлук“, платформата за видео состаноци и други алатки кои секојдневно ги користат компаниите, учулиштата и јавните служби.
Проблемите траеја со часови, а пореметувањето предизвика значајни потекотии во секојдневното функционирање на органзациите, осоебно во САД и Австралија пренесува Си Ен Ен.
„Мајкрософт“ соопшти дека работи на отстранување на проблемите и стабилизирање на серверската инфраструктура, но дека преземените мерки на почетокот не доведоа до трајно опоравување на системот.
Инцидентот укажува на ризиците што ги носи се поголемата зависност на глобалната економија од мал број на технолошки компании.
Слични новости
Грција го забрани пристапот на социјални мрежи за деца до 15 години
Грчкиот парламент усвои закон со кој на децата помлади од 15 години им се забранува користењето на платформите на социјалните мрежи, а забраната ќе стапи во сила на 1-ви јануари следната година, пренесуваат грчките медиуми.
Тепачка меѓу пратениците во албанскиот Парламент
Инцидентот се случи на десеттиот ден од протестите во Албанија, за време на кои демонстрантите бараат оставка од премиерот Еди Рама.
САД наредија итна евакуација на амбасадите во Персискиот залив
САД наредија повлекување на дел од дипломатскиот персонал и на нивните семејства од Саудиска Арабија и подготвуваат слични мерки во другите земји од Персискиот Залив.


