Акциите на американските берзи завршија во минус, бидејќи падот на акциите на технолошките компании беше посилен од позитивното расположение предизвикано од намалениот принос на американската државна обврзница.
Си Ен Би Си пренесе дека технолошката берза НАСДАК забележа пад од 0,5 насто.
Падот на вредноста на производителите на чипови влијаеше на целиот пазар, па акциите на компанијата „Мајкрон технолоџи“ отидоа во минус за повеќе од пет насто, додека „АМД“ и „Бродком“ ослабнаа за 3, односно 2 насто.
На берзата паднаа акциите и на другите технолошки комапнии.
Слични новости
Трговскиот суфицит на Германија падна на 15,4 милијарди евра и покрај рекордниот извоз
Германскиот трговски суфицит во јуни падна од 19,3 милијарди евра колку што беше во мај на 15,4 милијарди евра и покрај рекордниот извоз кој достигна вредност од 139,3 милијарди евра.
Џеф Безос продава акции на Амазон вредни над 4 милијарди долари
Оснивачот на Амазон Џеф Безос им поднесе на регулаторите пријава за планирана продажба на околу 15 милиони акции на компанијата Амазон, чија пазарна вредност изнесува околу 4,1 милијарди долари.
Раст на еропските индекси, нафтата Брент на 80 долари
Европските индекси денеска се во пораст, а цената на нафтата Брент се движи околу 80 долари за барел. На пазарите владее оптимизам за скорешен договор меѓу САД и Иран.

