Американски воен хеликоптер АХ-64 Апачи се урна во близина на Ормутскиот теснец, а двајцата членови на екипажот се спасени, јави Њујорк тајмс, кој пишува дека причината за падот на американскиот хеликоптер засега не е позната.

Според наводите на изворите на кои се повикува американскиот весник, не е јасно дали хеликоптерот бил погоден од ирански ракети или паднал поради механичко оштетување.

Американската администрација не соопштува детали околу инцидентот, а на новинарските прашања одби да даде одговор и Централната команда на американската армија.

Американската војска користи хеликоптери Апачи, беспилотни летала Рипер и борбени авиони Ф-18 и Ф-35 во операциите насочени кон одржување на пловидбата низ Ормутскиот теснец.

Слични новости

САД извршија нови удари врз Иран, Техеран возврати со напади врз Бахреин и Кувајт

САД извршија нови удари врз Иран, Техеран возврати со напади врз Бахреин и Кувајт

Најновите напади покажуваат дека САД и Иран се приближуваат кон општа војна по распадот на минатомесечниот привремен договор кој требаше крајно да ги оконча судирите. Истовремено, речиси е целосно запрен поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.

Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи

Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи

Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.