Основното јавно обвинителство Кавадарци отвори истрага за два одвоени случаи со сомневање за кривично дело „сексуално насилство на дете кое не наполнило 15 години“. Јавниот обвинител предложил мерки притвор за осомничените.

Во првиот случај, две полнолетни лица од Неготино прво сториле кривично дело „задоволување полови страсти пред друг“, при што малолетно дете ги снимало со мобилен телефон.

Потоа едниот осомничен го наведувал детето на сексуални односи и му давал парични средства… Во вториот случај, татко од Кавадарци се сомничи дека во алкохолизирана состојба повеќе пати го допирал своето 13-годишно дете.

За ова дело, како и за првиот случај, се предложени притвор и истражни мерки, а казните затвор според законот се најмалку три до осум години.

 

 

Слични новости

Се очекуваат новите цени на горивата во Македонија, откако нафтата повторно поскапе на светско ниво

Се очекуваат новите цени на горивата во Македонија, откако нафтата повторно поскапе на светско ниво

Цените на нафтата нагло пораснаа минатата недела, втора по ред, бидејќи кризата на Блискиот Исток го спречи извозот на нафта преку Ормутскиот теснец, па во двете недели од нападот на САД и Израел врз Иран