Американскиот окружен судија во Мајами Дерин Гејлс ја отфрли тужбата за клевета на американскиот претседател Доналд Трамп против весникот Џол Стрит Џурнал. Трамп го тужеше весникот за клевета во врска со написите на Вол Стрит Џурнал за сексуалниот престапник Џефри Епстин.

Трамп бараше отштета од весникот во износ од 10 милијарди долари, а судијата ја отфрли тужбата со предрасуда, со образложение дека Трамп не докажал оти обвинетите му нанеле штета со тенденциозни клевети, како што бара законот.

Кога тужба ќе биде отфрлена со предрасуда од судија, оној што тужи нема право повторно да тужи за истото дело а судската одлука е трајна и непроменлива.

 

Слични новости

Бил Гејтс предупредува дека вештачката интелигенција може да предизвика поголема штета отколку корист

Бил Гејтс предупредува дека вештачката интелигенција може да предизвика поголема штета отколку корист

Гејтс смета дека е клучно државите и компаниите да не чекаат да се појават последиците, туку отсега да постават правила кои ќе овозможат користа од вештачката интелигенција да биде поголема од ризиците.