Две лица од Ново Село на возраст од 30 и 35 години се гонат за  „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” .

Во сокриен дел од парцела во селото Секирник Струмичко, пријавените ја обработиле почвата, посадиле и одгледувале стебла од растението канабис.

Тие во полиција  признале дека, откако обезбедиле семе од растението канабис, ја обработиле почвата и направиле нелегална „плантажа“ на која во мај 2026 година ги засадиле семињата и ги одгледувале растенијата со цел производство на марихуана.

Одземени се повеќе стебла со вкупна тежина од околу 680 килограми канабис.

Слични новости

Бугарија враќа 19 тони македонски јаболка

Бугарија враќа 19 тони македонски јаболка

Бугарската агенција за безбедност на храната забранила увоз на пратка од 19.350 килограми јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестициди над максимално дозволените законски граници.