Во селото Нивици на брегот на Преспанското Езеро во Грција, на 17 јуни 2018 година беше потпишан Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, со кој беше затворен долгогодишниот спор за името.

Со договорот земјата го промени уставното име, а Грција го призна македонскиот јазик и идентитет, при што процесот отвори пат за членство во НАТО и за засилена билатерална соработка.

Македонија ги исполни клучните обврски, вклучително промена на уставното име, документи и институционални називи. Се очекуваше промената на името да ја забрза интеграцијата на Македонија во ЕУ, но најпрвин таа беше блокирана од Франција, поради барање на Париз за промена на методологијата во пристапните преговори, а потоа од Софија која испорача дузина барања за Македонија да ги отвори преговорите.

Слични новости

Собранието ќе одлучува за продолжување на кризната состојба – Владата предложи мерката да трае до 20 октомври

Собранието ќе одлучува за продолжување на кризната состојба – Владата предложи мерката да трае до 20 октомври

Пратениците денеска ќе расправаат за Предлог одлуката за продолжување на кризната состојба поради можни нарушувања во снабдување со нафта и нафтени деривати. Според предлогот на Владата, мерката треба да важи од 21 јули до 20 октомври.