Осумнаесет лица се примени синоќа во кочанската Општа болница со повреди здобиени во пожарот што избувна вчера доцна попладне во фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес“ во Виница. Дел се задржани во Кочани, дел од нив се препратени на клиниките во Скопје, но сите се во стабилна состојба, изјави за МИА Оливера Цимбаљевиќ, анестезиолог, раководител на одделението за анестезиологија и реанимација во кочанската Општа болница.
„Петмина од нив се наоѓаат на хирургија, од нив четворица се со изгореници на нозете од прв и втор степен. Петтиот што е задржан на хируруршкото одделение е со инхалациони (токсиколошки) повреди. Други петмина повредени во пожарот во „Макпрогрес“ се згрижени на интерното одделение во Општата болница во Кочани. Сите се со инхалациони повреди (вдишување чад), односно со токсиколошки наод. Шест други лица веднаш се препратени на Клиника во Скопје, сите затруени со чад од огнот. Преостанатите заминале после укажаната лекарска интервенција“, вели др. Цимбаљевиќ.
Сите примени во Болницата во Кочани се во стабилна состојба, потенцира др. Цимбаљевиќ.
Пожарот во фабриката за кандирани производи и вафли во Виница избувна вчеравечер во 18,40 часот, во магацините и во производствените погони 6, 7 и 8, а во неговото гаснење покрај од ТППЕ на Виница беа вклучени и против пожарните единици од неколку соседни општини.
Слични новости
Кошта и Кос го подржаа потпишувањето на Договорот за Коридорот 8 меѓу Македонија и Бугарија
Европската Унија го поздрави потпишувањето на Договорот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8 меѓу Македонија и Бугарија
Ѓорѓиевски побара истрага поради нови сомнежи за злоупотреби во „Комунална хигиена“
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, синоќа рече дека до него пристигнале нови информации поткрепени со документи кои, како што рече, укажуваат на можни финансиски злоупотреби во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Побара надлежните институции веднаш да реагираат и да ги испитаат наводите
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ намерно го блокира собирањето на сметот за Ѓорѓиевски да прави пиар
Ова е срамен однос и потценување на сопствените граѓани. Со месеци Скопје се давеше во ѓубре, скопјани секојдневно живееја во нечистотија од која изникнаа глодари а власта на ВМРО-ДПМНЕ не преземаше ништо, велат опозиционерите од СДСМ, коментирајќи ја 72-часовната акција на Ѓорѓиевски за чистење на главниот град


