Денвер Нагетс кој е буквално останат без првата петорка поради повреди, му пружи силен отпор на Кливленд и водеше до средината на последната четвртина, но на крајот загуби со 113:108.

Сепак во клубот владее оптимизам, пред се поради брзото опоравување на Никола Јокиќ од повредата, за која првично се мислеше дека ќе го оддалечи од теренот најмалку еден месец.

Од Денвер соопштија дека набргу во тимот треба да се вратат и Арон Гордон и Кристајн Браун кои се повредени уште од ноември. На списокот на повредени се и Јонас Валанчунас и кам Џонсон.

Денвер во моментов има скор од 23 победи и 11 порази.

 

Слични новости

Данска-Македонија 36:24, клучните натпревари против Португалија и Романија

Данска-Македонија 36:24, клучните натпревари против Португалија и Романија

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Филип Кузмановски изјави по вечерашниот пораз од Данска (24-36) на отворањето на Европското првенство, дека клучните дуели во групата Б допрва претстојат против Португалија и Романија.