Продуцентите на серијата „Lowdown“ во кастот на втората сезона го додадоа Оскаровецот Томи Ли Џонс, кој ќе им се придружи на Итан Хоук и Бети Гилпин. Засега не се објавуваат детали за ликот на Томи Ли Џонс во серијата.

Серијата е во продукција на студиото FX, а приказната е за граѓански новинар (Итан Хоук) кој се обидува да разоткрие корупција во Оклахома кај моќно семејство предводено од патријархот на фамилијата Кајл МекЛахлан.

Првата сезона на серијата имаше голем успех, благодарение и на извонредниот каст.  

Слични новости

Номинираните за Оскар се вратија во Лос Анџелес по паузата поради ланските пожари

Меѓу присутните беа и актерските ветерани кои за прв пат добиваат номинација за оскар, Швеѓанецот Стелан Скарсгард (Сентиментална вредност) кој ја доби својата прва номинација на 74 годишна возраст