Продуцентите на серијата „Lowdown“ во кастот на втората сезона го додадоа Оскаровецот Томи Ли Џонс, кој ќе им се придружи на Итан Хоук и Бети Гилпин. Засега не се објавуваат детали за ликот на Томи Ли Џонс во серијата.

Серијата е во продукција на студиото FX, а приказната е за граѓански новинар (Итан Хоук) кој се обидува да разоткрие корупција во Оклахома кај моќно семејство предводено од патријархот на фамилијата Кајл МекЛахлан.

Првата сезона на серијата имаше голем успех, благодарение и на извонредниот каст.  

Слични новости

Продуцентката на ТВ серијата „Техеран“ Дана Еден пронајдена мртва на 52 годишна возраст во хотел во Грција

Дана Еден продувентката на шпионскиот трилер „Техеран“ кој се емитува на Ејпл Тв беше пронајдена мртва во својата хотелска соба во Атина, за време на снимањето на четвртатата сезона од серијата.