Големото холивудско студио Ворнер Брос кое Нетлфикс сака да го откупи заедно со многу богатата филсмка архива, годинава доби дури 30 номинации за оскар, што филмските критичари го опишаа како достигнување достојно „за да ви падне вилицата“.

Најмногу номинации дури 16 што е рекорд во историјата на Оскарите освои зомни -хоророт „Грешници“, а фаворитот за филм на годината „Една битка по друга“ на Пол Томас Андерсон со Леонардо Ди Каприо доби 13 номинации.

Ворнер силно го посакува Оскарот за филм на годината, но конкуренцијата е жестока, бидејќи тука е прекрасниот уметнички филм „Франкештајн“ на Гиљермо дел Торо во продукција на Нетфликс, а еден од фаворитите е и норвешкиот „Сентиментална вредност“.

 

Слични новости

Годинешната додела на Оскарите ја рефлектира ситуацијата дека Холивуд се повеќе се интернационализира

Годинешната додела на Оскарите ја рефлектира ситуацијата дека Холивуд се повеќе се интернационализира

Во време кога лидерите на САД цврсто стојат зад определбата Америка на прво место, Академијата за филм и уметност на САД сместена во Лос Анџелес го прваи токму спротивното.