Шпанскиот фудбалски тим од првата лига Осасуна на секое новороденче во регионот Навара ќе му подри клупски дрес, шорцеви, кадифена играчка, сликовница и 50 евра.
Во Навара, која има население од 685.000 жители, секое бебе родено по Нова година има право на пакетот.
„Осасуна е суштински дел од идентитетот на Навара. Со оваа иницијатива, сакаме девојчињата и момчињата родени тука да се чувствуваат поврзани со Осасуна од првиот ден, со она што нашите бои и вредности го претставуваат“, рече претседателот на клубот Луис Сабалза во северната шпанска покраина.
Гестот, наречен „Осасунисти од колепката“, е финансиран од спонзорите на клубот.
За да го добијат пакетот, родителите мора да поднесат барање на официјалната веб-страница на клубот. Децата родени во Универзитетската болница во Навара можат да го добијат пакетот таму, додека оние родени во други болници можат, при аплицирање, да побараат да го подигнат од канцеларијата на Фондацијата Осасуна на стадионот Ел Садар или од која било филијала на банката Каха Рурал.
Осасуна, која е 12-та меѓу 20-те клуба во шпанското првенство, е најпопуларниот клуб во регионот со силен баскиски идентитет.
Фондацијата на клубот соработува со училиштата со години на разни социјални активности низ Навара, а сега презеде чекор за проширување на членството од раѓање до жителите таму.
Слични новости
Засилена безбедноста за Оскарите по иранските закани за напад врз Калифорнија
Продуцентите на спектаклот на доделувањето на наградите Оскар што ќе се одржи во недела вечер во Холивуд изјавија дека „сакаат сите да се чувствуваат безбедни и заштитени“ на церемонијата, откако ФБИ предупреди дека Иран планира да ја нападне Калифорнија со дронови.
Џејмс Камерон и Том Круз меѓу големите победници на годинашните награди Сатурн
Камерон рече дека американската фимска академија ги отфрла научно-фантастичните филмови, акциите и хорорите, но тие ги полнат кино салите и се миленици на публиката
Почина Тими Де Карло фронтменот на рок бендот „Бостон“
Томи Де Карло, фронтменот на американскиот рок-бенд Бостон, почина на 60-годишна возраст, од рак на мозокот. Музичарот почина само шест месеци откако му беше дијагностицирана болеста


