Шпанскиот фудбалски тим од првата лига Осасуна на секое новороденче во регионот Навара ќе му подри клупски дрес, шорцеви, кадифена играчка, сликовница и 50 евра.
Во Навара, која има население од 685.000 жители, секое бебе родено по Нова година има право на пакетот.
„Осасуна е суштински дел од идентитетот на Навара. Со оваа иницијатива, сакаме девојчињата и момчињата родени тука да се чувствуваат поврзани со Осасуна од првиот ден, со она што нашите бои и вредности го претставуваат“, рече претседателот на клубот Луис Сабалза во северната шпанска покраина.
Гестот, наречен „Осасунисти од колепката“, е финансиран од спонзорите на клубот.
За да го добијат пакетот, родителите мора да поднесат барање на официјалната веб-страница на клубот. Децата родени во Универзитетската болница во Навара можат да го добијат пакетот таму, додека оние родени во други болници можат, при аплицирање, да побараат да го подигнат од канцеларијата на Фондацијата Осасуна на стадионот Ел Садар или од која било филијала на банката Каха Рурал.
Осасуна, која е 12-та меѓу 20-те клуба во шпанското првенство, е најпопуларниот клуб во регионот со силен баскиски идентитет.
Фондацијата на клубот соработува со училиштата со години на разни социјални активности низ Навара, а сега презеде чекор за проширување на членството од раѓање до жителите таму.
Слични новости
Објавен трејлерот за третиот дел на „Дина“ на Денис Вилнев
Ако првиот дел беше контемпација за момче кое го истражува новиот свет, а вториот дел беше воен филм, третиот дел е трилер. Филмот е исполнет со акција и тензија, најави режисерот Денис Вилнев.
„Хоперс“ и натаму прв на Бокс Офисот
Анимираниот филм „Хоперс“ и натаму е убедливо прв на американскиот Бокс Офис, иако забележа голем пад на гледаноста во втората недела од прикажувањето во кино салите.
Пад на гледаноста на шоуто на додела на Оскарите
Според истражувањето на мерењата за гледаност на Нилсен, Оскарите на Еј БИ Си ги гледаа 17,8 милиони гледачи во САД, за разлика од 20 милиони шти го гледаа шоуто во 2025.


