Планот на Европската унија од пет точки за забрзан прием на Украина е отворена објава на војна на Унгарија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, коментирајќи го пишувањето на бриселскиот портал „Политико“ за постоењето на таков план.
Орбан наведе дека „Политико, официјалниот весник на бриселската елита“, го објавил најновиот воен план на Брисел и Киев, кој според него, е план на украинскиот претседател Володимир Зеленски од пет точки.
– Одлучија дека Украина ќе биде примена во ЕУ веќе во 2027 година, додаде Орбан.
„Новиот план е отворена објава на војна на Унгарија. Тие се потсмеваат на одлуката на унгарскиот народ и сакаат да ја отстранат унгарската влада од патот по секоја цена.
Слични новости
Руте: Разговорите со Трамп се фокусираа на безбедноста на Арктикот
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вели дека разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп во Давос биле фокусирани исклучиво на безбедноста на Арктикот, а не на политичкиот статус на Гренланд.
Данска ја поздрави одлуката на Трамп со која исклучи употреба на сила за заземање на Гренланд
Данска ја поздрави изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп со која ја исклуува можноста за насилно заземање на Гренланд и со која ги стави во мирување царините со европските сојузници.
Унгарија со јасна порака до Брисел дека нема да учествува во финансирањето на Украина
Државниот секретар за меѓународни комуникации во кабинетот на премиерот Виктор Орбан рече дека барањата што доаѓаат од Брисел и Киев се скандалозни.


