Планот на Европската унија од пет точки за забрзан прием на Украина е отворена објава на војна на Унгарија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, коментирајќи го пишувањето на бриселскиот портал „Политико“ за постоењето на таков план.

Орбан наведе дека „Политико, официјалниот весник на бриселската елита“, го објавил најновиот воен план на Брисел и Киев, кој според него, е план на украинскиот претседател Володимир Зеленски од пет точки.

– Одлучија дека Украина ќе биде примена во ЕУ веќе во 2027 година, додаде Орбан.

„Новиот план е отворена објава на војна на Унгарија. Тие се потсмеваат на одлуката на унгарскиот народ и сакаат да ја отстранат унгарската влада од патот по секоја цена.

 

Слични новости

Техеран тврди дека американските носачи на авиони се повлекоа на 1.000 километри од иранскиот брег

Техеран тврди дека американските носачи на авиони се повлекоа на 1.000 километри од иранскиот брег

Американските носачи на авиони веќе не се присутни во Персискиот залив, бидејќи се повлекоа на 1.000 километри од брегот на Иран, изјави заменик-командантот на Исламската револуционерна гарда генерал Али Фадави.