Менаџерот на Кристал палас Оливер Гласнер најверојатно ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната, пренесоа неколку англиски медиуми. Договорот на австрискиот тренер завршува на 30 јуни 2026 и тој нема намера да го продолжи.
Гласнер го предводи Кристал палас од 2024 и за кусо време постигна големи успеси со малиот клуб, освојувајќи ги ФА купот и Суперкупот на Англија. Сезонава тимот е еден од фаворитите во Лигата на конференциите, а екипата игра многу атрактивен фудбал.
Кристал Палас во моментов е осми на табелата, но поради успесите со тимот Гласнер е цел на големите клубови во Англија и тој порачал дека е време да прифати нов предизвик.
Слични новости
Крај на сезоната за Џејми Гитенс од Челси
Фудбалерот на Челси Џејми Гитенс ќе отсуствува подолго време од терените поради повреда на бутниот мускул, соопшти денеска лондонскиот клуб.
Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана
Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.
Пејтон Вотсон најновиот повреден кај Денвер Нагетс
Пејтон Вотсон има повреда на задната ложа и не е познато колку ќе отсуствува од теренот. Поради истата повреда Арон Гордон не игра веќе со месеци.


