Шампионот Оклахома и натаму игра во одлична форма и продолжува да ја води трката со Детроит за најдобро пласиран тим во НБА пред почетокот на Плеј офот. Оклахома победи со 103:100, а најдобар поединец кај гостите беше центарот Чет Холмгрен кој постигна 28 коша, од кои шест тројки, а ШГА постигна 26 коша.

Кај Њујорк Џејлен Бронсон постигна 16 поени, но дури 15 асистенции, а Карл Антони таунс постигна 17 поени и имаше 17 скокови.

Младиот тим на Шарлот убедливо го победи Бостон со 118:89 и ја забележа шестата победа во низа. Шарлот стигна до деветото место на Истокот, но со ваква форма, до крајот може да обезбеди и директно учество во Плеј офот.

Слични новости

Руската тенисерка Елена Рибакина победничка на Австралија опен

Руската тенисерка со казахстански пасош Елена Рибакина денеска стигна до својата втора Гренд слем титула откако во финалето на Австралија опен ја победи најдобрата тенисерка на светот Арина Сабаленка со 2:1 во сетови 6:4, 4:6 и 6:4.