Актуелниот шампион на НБА ОКлахома Сити го победи Денвер Нагетс со 129:126, благодарение на извонредната игра на Шеи Гилџес Александар во последните моменти од натпреварот.

На 2,7 секунди пред крајот на мечот, при нерешен резултат ШГА со степ бек постигна тројка со која го реши натпреварот. Актуелниот МВП на НБА лигата го заврши натпреварот со 35 поени и 15 асистенции, со што го надмина рекордот на Вилт Чемберлен од 1961 од 126 натпревари во низа, на кои постигнал минимум 20 коша.

Кај Денвер Јокиќ постигна нов трипл дабл со 32 коша, 14 скокови и 13 асистенции, а Тим Хардавеј постигна 28 коша. Денвер продолжува со поразите и води неизвесна битка за директно учество во Плеј офот.

Слични новости

Голден Стејт Вориорс елиминирани во плеј инот од Феникс

Голден Стејт Вориорс елиминирани во плеј инот од Феникс

Голден Стејт одигра слаб натпревар, а потфрли и првата ѕвезда на тимот Стеф кари кој имаше шут 3 од 10 за тројка.
Со тоа Феникс во првото коло ќе игра против првопласираната Оклахома, а Портланд ќе игра против Сан Антонио.