По серијата порази Лејкерси утринава ја забележија и втората победа во низа врз ослабениот тим на Сакраменто со 124:108. Лука Дончиќ забележа 28 коша и 9 асистенции, а ветеранот Леброн Џејмс даде 24 коша за Лејкерс. Кај сакраменто кој остана без најдобрите играчи поради повреди најефикасен беше Клифорд со 26 коша.
Шампионот Оклахома го победи Далас и со силна добрана го задржа на само 87 постигнати кошевишто е најмалку за Далас сезонава. Најефикасен на натпвреарот беше Шеи Гилџес Александар, а играше и Лугенз Дорт кој е казнет од НБА со пет мечеви суспензија поради неспортскиот фаул врз Никола Јокиќ.
На зпадот прва е Оклахома, втор е Сан Антонио, треет е Хјустон, четврта е Минесота, а Денвер и Лејкерс се на петтата и шестата позиција кои носат учество во плеј офот.
Слични новости
Џа Морант ја заврши сезоната поради повреда на лактот
Џа Морант сезонава поради проблеми со повредите одигра само 20 натпревари, а во просек имаше 19,5 поени, 8,1 асистенција и 3,2 скока по натпревар.
Виктор Вембенјама изјави дека тој треба да биде МВП на НБА лигата
По победата врз Мајами со која Сан Антонио се зацврсти на втората позиција во Западната конференција Вембенјама кој постигна 26 коша со 15 скокови рече дека тој би требало да биде МВП на лигата.
Антоан Гризман летово го напушта Атлетико Мадрид
Трансферот на Гризман во Орландо беше блиску и за време на зимскиот преоден рок, но Гризман реши да остане во Атлетико откако клубот се пласираше во финалето на купот на кралот и четвртфиналето на Лигата на шампионите.


