Кошаркарите на Оклахома утринава на свој терен го победија Сан Антонио и израмнија на 1:1 во финалето на плеј офот на Западната конференција на НБА лигата.
Актуелните шампиони на НБА лигата до победата ги предводеше МВП-то на лигата Шеи Гилџес Александар со 30 поени и 9 асистенции. Најпрецизен кај Сан Антонио беше Стефон Касл со 25 коша, а Виктор Вембенјама постигна 21 кош со 17 скокови и 4 блокади.
Третиор натпревар од серијата се игра ноќта меѓу петоко и сабота а домаќин ќе биде Сан Антонио.
Слични новости
Најсилно полуфинале во историјата на Мундијалите
Полуфиналните парови Франција-Шпанија и Англија-Аргентина се најсилни во историјата, а ова е за прв пат во полуфиналето да играат и првите четири тима на ранг листата на ФИФА.
Аргентина со играч повеќе ја победи Швајцарија по продолженија
Во продолженијата Аргентина со играч повеќе силно притисна, а головите што ја однесоа Аргентина во полуфиналето ги постигнаа Алварез во 112 тата и Мартинез во 121-та минута.
Фудбалерите на Англија во полуфиналето на СП по продолженија со Норвешка
Белингам и ја донесе победата на Англија во продолженијата, по шутот на Морган Роџерс и лошата интервенција на норвешкиот голман Ниланд кој ја одби топката до Белингам, кој го постигна својот шести гол на турнирот.


