Светската економија би требало да порасне за 2.9 насто во 2026 година, а потоа да забрза на три насто следната година и покрај последиците од конфликтот на Блискиот исток, повисоките цени на енергентите и зголемената неизвесност во трговската политика. Ова го наведува Организацијата за економска соработка и развој во својот извештај.

Прогнозата за оваа година е незначително зголемена во однос на претходната јунска проекција која изнесуваше 2,8 насто, додека прогнозата за 2027 е коригирна пониско од 3,1 на 3 насто.

Глобалниот раст забави во првата половина на 2026, но остана отпорен во многу земји, при што залихите на нафта, дополнителната понуда од производителите надвор од Перискиот залив и државните мерки, ги ублажија последиците на судирот врз светската економија.

Слични новости

Американските акции паднаа откако ФЕД изрази загриженост поради движењата на инфлацијата

Претседателот на ФЕД изјави дека најновите податоци за индексот на цените на личната потрошувачка и на цените на потрошувачката се нешто подобри од очекувањата, но дека не укажуваат на значително подобрување на инфлаторните трендови.