Од 1 февруари стартува целосната примена на системот „Безбеден град“, откако Собранието го изгласа Законот за прекршоци, со што се отвора патот за автоматско санкционирање на сообраќајните прекршоци преку камери и софтверска контрола.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, преку објава на социјалните мрежи, порача дека со оваа законска измена државата конечно презема системски чекори за справување со сообраќајниот хаос.

Тошковски порача дека имплементацијата на „Безбеден град“ претставува одлука што директно го штити животот и безбедноста на граѓаните, а не механизам за полнење на буџетот преку казни.

Во тест периодот, како што посочува министерот, дел од граѓаните веќе го смениле однесувањето во сообраќајот, што резултирало со поголема дисциплина и почитување на правилата.

Автоматските казни, без можност за „попустливост“, значат дека секој прекршок ќе биде евидентиран и санкциониран, што за многумина може сериозно да влијае врз месечниот буџет, ако возачите не внимаваат на сообраќајните правила.

 

Слични новости

Зијадин Села го оспори „Safe City“ пред Уставен суд: „Законот ја нарушува еднаквоста и правата на граѓаните“

Зијадин Села го оспори „Safe City“ пред Уставен суд: „Законот ја нарушува еднаквоста и правата на граѓаните“

Пред Уставот граѓаните треба да бидат еднакви и како такви сите граѓани, без разлика дали живеат во Куманово, Скопје или Тетово, треба еднакво да бидат опфатени со овие проекти и во Струмица, Охрид, како и во Кичево, Кавадарци, Штип и насекаде