Од 1 јануари 2026 година цената на струјата ќе биде повисока за 2,45 отсто во првиот блок, за 2,87 отсто во вториот блок, за 3,32 отсто во третиот и за 3,84 проценти во четвртиот блок, додека евтината тарифа ќе се покачи за 2,5 отсто.
„Наместо предложеното зголемување од 7,66 отсто што ЕВН ХОМЕ го достави во одлуката, РКЕ по спроведени анализи и повторни пресметки, одлучи во прв блок да има корекција од 2,45 проценти. Во втор блок цената ќе се зголеми за 2,87 отсто, додека предлог зголемувањето на ЕВН ХОМЕ е 8,54 проценти. Во трет блок цената ќе се зголеми за 3,32 отсто иако беше предложено да има зголемување од 9,63 проценти и во четврт блок зголемувањето е 3,84 отсто, наместо предложените 11,86 проценти“, соопшти денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.
Тој посочи дека поскапувањето за 85 отсто од домаќинствата ќе биде за 2,28 отсто или за 57-70 денари на просечната сметка.
Во однос на евтината тарифа, ЕВН Хоме предложи зголемување за 3,96 отсто, додека РКЕ одлучи да се коригира за 2,50 проценти.
Слични новости
Бројката на новоотворени работни места во САД во декември падна за 386.000
Бројката на новотоворени работни места во САД во декември падна за 386.000 на 6,5 милиони, објави денеска Американското биро за статистика на трудот. Тоа е најголем пад од септември 2020 и е значајно под пазарните очекувања
Европските берзански индекси во пад
Европските и американските берзански индекси денеска се во пад, додека берзите ги анализираат извештаите за добивките на големите компании и банките на крајот од неделата.
Крах на криптовалутите на берзите
Во четвртокот биткоинот падна за повеќе од 12% на под 64.000 долари ниво кое не е видено од октомври 2024 година. Други популарни криптовалути како Етер и Солана исто така се во пад. Солана, во моментов достигна најниска вредност за последните две години.


