Од утре официјално започнува примената на системот „Сејф сити“, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во полна функција. Станува збор за интегриран техничко-информациски систем кој преку камери и софтверски алатки ќе ги регистрира прекршоците во сообраќајот, без потреба од директно присуство на полициски службеници на терен.
Откако прекршокот ќе биде утврден, сопственикот на возилото ќе добие известување за сторениот прекршок, со фотографски доказ, време и локација на настанот, како и соодветна прекршочна санкција.
Постапката е целосно дигитализирана, а човечкиот фактор е сведен на минимум, со цел да се избегнат селективност, субјективност и можни злоупотреби.
Слични новости
ССМ повика на протест со барање минималната плата да биде 600 евра
Сојузот на синдикатите на македонија (ССМ) повикува на протест в среда на 28 јануари пред Работнички дом во Скопје, со барање минималната плата да се зголеми на 600 евра.
Блокади на македонските гранични премини кон Косово и кон Грција
Денеска камионџиите ги блокираат граничните премини во Македонија и во регионот. Тие протестираат против правилата за ограничен престој во Шенген-зоната.
МВР денеска ги тестира камерите за „Безбеден град“ во Куманово и Тетово
Министерството за внатрешни работи денеска во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на градовите Куманово и Тетово.
