Од утре официјално започнува примената на системот „Сејф сити“, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во полна функција. Станува збор за интегриран техничко-информациски систем кој преку камери и софтверски алатки ќе ги регистрира прекршоците во сообраќајот, без потреба од директно присуство на полициски службеници на терен.
Откако прекршокот ќе биде утврден, сопственикот на возилото ќе добие известување за сторениот прекршок, со фотографски доказ, време и локација на настанот, како и соодветна прекршочна санкција.
Постапката е целосно дигитализирана, а човечкиот фактор е сведен на минимум, со цел да се избегнат селективност, субјективност и можни злоупотреби.
Слични новости
Ново рочиште за случајот Талир за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ
На претходните рочишта бранителите побараа изземање на обвинителката Ленче Ристоска, наведувајќи дека нејзините конфликти со партијата влијаат на нејзината непристрасност.
Обвинителството поднесе кривични пријави за сопствениците на АСД метал груп, одговорни за пожарот во Визбегово
Јавното обвинителство поднесе кривични пријави против три лица, директорката на АСД метал груп, неформалниот сопственик на компанијата и уште едно лице. Обвинителството ги товари за Загрозување на животната средина и природа со отпад, дело за кое може да добијат до 10 години затвор.
ССМ денеска на протест пред Стопанската комора
Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов изјави дека синдикалците се под притисок и дека луѓето што излегуваат на протести се заокружуваат и се следат.