Во недела и во понеделник претпладне во Македонија повторно ќе следува краткотрајна мала промена на времето. Ќе се зголеми облачноста и ќе има локални врнежи од дожд со слаб и со умерен интензитет.

Ќе има услови и за ретка појава на грмежи а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.

На повисоките планини со надморска височина од над 1.600 метри ќе провејува снег.

Температурите во овие два дена преку ден ќе бидат малку пониски, но релативно високи за овој период, до 17 степени.

 

Слични новости