Во недела и во понеделник претпладне во Македонија повторно ќе следува краткотрајна мала промена на времето. Ќе се зголеми облачноста и ќе има локални врнежи од дожд со слаб и со умерен интензитет.
Ќе има услови и за ретка појава на грмежи а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.
На повисоките планини со надморска височина од над 1.600 метри ќе провејува снег.
Температурите во овие два дена преку ден ќе бидат малку пониски, но релативно високи за овој период, до 17 степени.
Слични новости
Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ
Според податоците од Статистичкиот годишник за 2025 година на Државниот завод за статистика, очекуваниот животен век за периодот 2022-2024 во Македонија е 76,63 години
Обвинение против екс правобранителот Фехми Стафа
Јвен обвинител поднесе обвинителен акт против Стафа за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание,.
Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам
Верниците од исламска вероисповед во земјава и ширум светот денеска го прославуваат Рамазан Бајрам, еден од петте клучни столбови на исламот.


