Во вторник и среда 21/22 април 2026 поради спуштање на ладен атмосферски фронт од север кон Македонија, ни следува нагла и голема промена на времето кај нас која ќе донесе врнежи, северен ветер, планински снег и голем пад на температурите за околу 10 степени во споредба од оние температури кои ги имаме сега.
Во Македонија времето ќе биде облачно и многу посвежо со повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни а ќе има услови и за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради заладувањето, на планините врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег со што ќе се формира и снежна покривка.
Слични новости
И по поскапувањето, горивата во Македонија остануваат меѓу најевтините во регионот
И покрај најновото зголемување на цените, горивата во Македонија и натаму се меѓу поевтините во регионот и во поголемиот дел од Европа
Лажна дојава за поставена бомба во кочанско училиште
МВР веднаш извршило проверка, а било констатирано дека дојавата е лажна. Не постои никаква опасност за безбедносста на учениците и вработените во училишниот објект.
Премиерот Мицкоски смета дека нема потреба од прогласување кризна состојба
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска изјави дека не гледа потреба за прогласување кризна состојба поради порастот на цените на горивата.


