Во вторник и среда 21/22 април 2026 поради спуштање на ладен атмосферски фронт од север кон Македонија, ни следува нагла  и голема промена на времето кај нас која ќе донесе врнежи, северен ветер, планински снег и голем пад на температурите  за околу 10 степени во споредба од оние температури кои ги имаме сега.

Во Македонија времето ќе биде облачно и многу посвежо со повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни а ќе има услови и за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради заладувањето, на планините врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег  со што ќе се формира  и снежна покривка.

 

Слични новости

Макпетрол: Намалувањето на цената од страна на ОКТА не е доволно

Од нафтената компанија „Макпетрол“ сметаат дека намалувањето на цените од 2,5 денари (со ДДВ) за литар на нафтените деривати од страна на ОКТА не е доволно и не го решава проблемот кој го налага моменталната ситуација.