Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска треба да донесе нова одлука за цената на горивата што ќе важи од полноќ до следниот вторник, по вчерашна одлука на Владата за намалување на данокот на додадена вредност од 18 на 10 отсто.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера оцени дека согласно случувањата на нафтените берзи се очекува РКЕ да донесе одлука за ново поскапување на дизелот од 10,5 денари по литар, како и за зголемување на цените на безоловните горива за 6 денари.
Поради тоа Владата на вонредна седница донесе одлука да се намали данокот на додадена вредност (ДДВ) на бензините и дизел горивото од 18 отсто на 10 отсто.
Со тоа владата очекува цената на бензините да остане иста односно непроменета, а цената на дизелот да се зголеми околу 3,5 денари по литар
Слични новости
Во македонскиот парламент 37,5 насто од пратениците се жени
Во македонскиот парламент 37,5 проценти од пратениците се жени, што е зголемување од 3,4 процентни поени во споредба со 2015 година, покажуваат податоците на Евростат.
Цените на горивата во Македонија меѓу најевтините во регионот
Според последните споредбени податоци, просечната цена на горивата во Македонија се движи околу 1,35 долари за литар, што е пониско во однос на повеќето соседни земји како Грција, Бугарија, Косово и Србија.
Нафтата Брент надмина 90 долари за барел
Цената на нафтата од типот Брент веќе надмина 90 долари за барел, што претставува раст од повеќе од 25 проценти во текот на неделата.