Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска треба да донесе нова одлука за цената на горивата што ќе важи од полноќ до следниот вторник, по вчерашна одлука на Владата за намалување на данокот на додадена вредност од 18 на 10 отсто.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера оцени дека согласно случувањата на нафтените берзи се очекува РКЕ да донесе одлука за ново поскапување на дизелот од 10,5 денари по литар, како и за зголемување на цените на безоловните горива за 6 денари.
Поради тоа Владата на вонредна седница донесе одлука да се намали данокот на додадена вредност (ДДВ) на бензините и дизел горивото од 18 отсто на 10 отсто.
Со тоа владата очекува цената на бензините да остане иста односно непроменета, а цената на дизелот да се зголеми околу 3,5 денари по литар
Слични новости
Трамп: Конфликтот со Иран би можел да потрае уште 2-3 недели, САД се веќе победници
Од воен аспект ние веќе победивме. Имаа 159 бродови, сега немаат ниту еден, сите се потопени и се на дното на морето. Или ќе постигмене вистински договор со Иран, или воено ќе победиме“ нагласи Трамп.
Собранието трет пат ќе се обиде да избере член на ДКСК
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе интеврјуа со пријавените кандидати по одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата
Пожарот во Визбегово е сеуште активен
Пожарот што избувна вчера во Визбегово сè уште е активен, но е ставен под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи. На терен се ангажирани екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои работат на негово целосно локализирање.


