Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за промена на цените на нафтените деривати со која малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 се намалува за 0,50 денари за литар и од полноќ ќе изнесува 83,50 денари за литар.

Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-98, не се менува, односно останува на исто ниво од 85,50 денари за литар. Малопродажната цена на еуродизелот (Д-Е V), се зголемува за 2,50 денари за литар и ќе  изнесува 98 денари за литар.

Во формирањето на новите цени влијание имале одлуките на Владата за намалување на акцизите и за повластената даночна стапка за одредени енергенти.  

„Согласно донесените одлуки променет е елементот кој влегува во структурата при формирањето на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, односно намалени се износите на акцизите за дизелот за 4 денари за литар и износите на акцизите за бензинот за 2 денари за литар.

Исто така е продолжено и времетраењето на Одлуката за намалениот износ на ДДВ за нафтените деривати во износ од 10 проценти

 

Слични новости

Паметен „зелен бран“за помал метеж во Скопје

Паметен „зелен бран“за помал метеж во Скопје

Новиот систем ќе воведе таканаречен „паметен зелен бран“, кој во реално време ќе го регулира протокот на возила, ќе ги намали метежите и ќе овозможи побезбедно и поефикасно движење низ градот, особено во централното подрачје.