Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за промена на цените на нафтените деривати со која малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 се намалува за 0,50 денари за литар и од полноќ ќе изнесува 83,50 денари за литар.
Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-98, не се менува, односно останува на исто ниво од 85,50 денари за литар. Малопродажната цена на еуродизелот (Д-Е V), се зголемува за 2,50 денари за литар и ќе изнесува 98 денари за литар.
Во формирањето на новите цени влијание имале одлуките на Владата за намалување на акцизите и за повластената даночна стапка за одредени енергенти.
„Согласно донесените одлуки променет е елементот кој влегува во структурата при формирањето на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, односно намалени се износите на акцизите за дизелот за 4 денари за литар и износите на акцизите за бензинот за 2 денари за литар.
Исто така е продолжено и времетраењето на Одлуката за намалениот износ на ДДВ за нафтените деривати во износ од 10 проценти
Слични новости
Премиерот Мицкоски смета дека нема потреба од прогласување кризна состојба
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска изјави дека не гледа потреба за прогласување кризна состојба поради порастот на цените на горивата.
Продолжува судењето за случајот „Пулс“
Во судницата во Идризово денеска ново рочиште за случајот со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.
Се очекува поскапување на дизелот во Македонија кој главно го нема
На повеќето бензински пумпи во Македонија нема дизел гориво, а на бензинските пумпи на Лукоил доколку најдете дизел гориво, има ограничување на точење.


