Летото во Македонија и на северната Земјина полутопка официјално започна денеска во 10:24 часот со летниот солстициј – астрономски настан што го означува најдолгиот ден и најкратката ноќ во годината. Во истиот момент, на јужната полутопка започна зимата.
Во Скопје, Сонцето изгреа во 4:58 часот, а ќе зајде во 20:13 часот, што значи дека денот ќе трае 15 часа и 14 минути. Според прогнозите, максималната дневна температура ќе достигне до 35 степени Целзиусови.
Летото годинава ќе трае до 23 септември во 02:05 часот, кога календарски ќе започне есента.
Слични новости
Обвинителството ќе ја анализира пресудата па ќе донесе одлука дали да ја обжали пресудата за Талир 2
Јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе ја обжали ослободителната пресуда во предметот „Талир 2“ откако ќе ја добие и анализира писмено изработената пресуда и нејзиното образложение, изјави денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески.
СДСМ обвини дека Македонија не е правна држава туку систем во кој Мицкоски одлучува кој е над законот
Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на денешната прес конференција обвини дека Македонија не е правна држава, туку контролиран систем во кој Христијан Мицкоски одлучува кој ќе биде над законот, а кој ќе биде прогонуван.
Кризната состојба за нафтата продолжена за уште три месеци поради ризици ризици во снабдувањето
Кризната состојба на пазарот со нафта и нафтени деривати продолжена за уште три месеци, поради скокот на цената на нафтата на светските берзи


