Горивата од синоќа од полноќ повторно поскапеа и според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемија за 4,85 отсто.
Најголемо е поскапувањето кај дизелот. ЕУРОДИЗЕЛ БС поскапува за 6,50 денари за литар и од полноќ се продава по највисока цена од 98 денари за литар.
ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапеа за по 4,50 денари за литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 91,50 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 93,50 денари за литар.
Од Регулаторната комисија објаснија дека во однос на претходната пресметка се зголемиле референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Кај бензините растот е 8,983 отсто, кај дизелот 10,979 отсто.
Поскапувањата на бензините синоќа предизвикаа гужви на бензинските пумпи во Скопје, бидејќи граѓаните сакаа да наточат гориво по стара цена и да заштедат.
Слични новости
ВМРО ДПМНЕ: Македонија со најниски цени на горивата во регионот
Во Македонија литар бензин 95 се продава за 99 денари, додека цената по која се продава во Грција за 30% повисока и изнесува 129 денари, во Албанија со цена од 126 денари за 27%, понатаму во Србија за 108 денари, односно за 9%.
ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
Системот за заштита и спасување во Македонија не располага целосно со потребната подготвеност за навремено и ефикасно справување со катастрофи, покажува извештајот на Државниот завод за ревизија.
Денеска е последниот ден на летото од утре почнува есента
Денеска е последниот ден на летото во Македонија, а есента доаѓа ноќеска по полноќ. Во среда ќе биде денот на есенска рамноденицам кога денот и ноќта имаат приближно иста должина.


