Одлуката за прогласување на кризна состојба на целата територија на државата е објавена во Службен весник, со што таа стапи на сила.
Одлуката беше донесена на вчерашната вонредна владина седница, а поради „можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на целата држава“. Според документот од седницата, ваквата состојба ќе трае 30 дена.
Ова се прави за да може полесно да се спроведуваат мерки кои би биле неопходни за да се санираат штетите од состојбата на Блискиот исток.
Исто така со одлуката се активира Главниот штаб при Центарот за управување со кризи кои ќе биде во постојано заседавање за следење на мерките.
Владата во рамки на кризната состојба предлага мерка за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти за горивата.
Слични новости
Новиот лидер на Унгарија Петар Маѓар најавува крај на гостопримството за Никола Груевски
Петер Маѓар, лидер на партијата Тиса која убедливо победи на изборите во неделата, изјави дека Унгарија нема да биде засолниште за странски криминалци со азил. Тој ја спомена и ситуацијата со Никола Груевски, нарекувајќи го престапник.
Владата најавува нови мерки за цените на храната
По завршувањето на Велигден, Владата се очекува на седница да донесе нов пакет мерки за справување со растот на цените на храната.
Тиса на Петар Маѓар убедлив победник на изборите во Унгарија, Орбан падна по 16 години на власт
На вчерашните избори во Унгарија опозициската партија Тиса на Петар Маѓар е спектакуларен победник, откако според првичните резутати на изборната комисија освои дури 138 места од 199-те места во парламентот и самата ќе има двотретинско мнозинство.


