Обвинителот којшто е во заминување одлучува до крај да ги испорача должничко-доверителските односи кон претходната влада, кажа премиерот Христијан Мицкоски алудирајќи на шефот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Ислам Абази, кому му истекува мандатот.
Реакцијата на премиерот Мицкоски уследи по одлуката на обвинителството да го затвори предметот за јавните набавки за градењето на 19 модуларни болници во Македонија.
„Значајно да се напомене дека во модуларната болница во Тетово живи изгореа 14 луѓе. За жал на обвинителот не му значи ништо што живи изгореа 14 луѓе, и одлучи овој процес кој траеше пет години да го стопира“,изјави премиерот Мицкоски.
Премиерот напомена дека случајот може повторно да се отвори доколку се појават нови детали.
Слични новости
Македонија со напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност
Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност, искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии.
И денеска сончево и многу топло со температури до 40 степени
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Максималната температура во Македонија ќе достигне од 32 до 40 степени.
Активни пожари кај Македонски Брод и над селото Моране
Во изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола се два, а 20 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.


