Обвинителот којшто е во заминување одлучува до крај да ги испорача должничко-доверителските односи кон претходната влада, кажа премиерот Христијан Мицкоски алудирајќи на шефот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Ислам Абази, кому му истекува мандатот.
Реакцијата на премиерот Мицкоски уследи по одлуката на обвинителството да го затвори предметот за јавните набавки за градењето на 19 модуларни болници во Македонија.
„Значајно да се напомене дека во модуларната болница во Тетово живи изгореа 14 луѓе. За жал на обвинителот не му значи ништо што живи изгореа 14 луѓе, и одлучи овој процес кој траеше пет години да го стопира“,изјави премиерот Мицкоски.
Премиерот напомена дека случајот може повторно да се отвори доколку се појават нови детали.
Слични новости
Владата го намали ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 проценти – повластената стапка од вечерва по полноќ до полноќ на 28 септември
Владата го намалува ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 отсто. Кај бензините, согласно пресметките, се очекува зголемување од околу 3,5 денари, што значи дека новата цена би изнесувала околу 100,5 денари за литар за Еуросупер БС-95, односно 102,5 денари за литар Еуросупер БС-98.
Притворот за обвинетите од дискотеката Пулс истекува на 3-ти октомври
Според законот, обвинет може да биде задржан во притвор максимум една година од оценката на обвинението. За „Пулс“ тоа е 3 октомври, кога му истекува ефективниот притвор на Дејан Јованов.
Угинаа 15 тони пастрмка во Треска кај Кичево
Голем помор на автохтоната македонска пастрмка „Salmo macedonicus“ во реката Треска кај Кичево. Угинувањето на рибата е забележано денеска, откако водата во реката се избистрила.


