Одложен е состанокот во Брисел на кој камионџиите во регионот и ЕК требаше да изнајдат начин за решавање на проблемите на професионалните возачи, откако стапија во сила новите правила за престој во Шенген зоната.

Правилата предвидуваат престој од максимум 90 дена во период од 180 дена, што го загрозува работењето на професионалните возачи, за што е свесна и администрацијата во Брисел.

Беше најавено воведување посебен режим на продолжен краток престој, кој би им овозможил на камионџиите да останат во Шенген-зоната под контрола и со јасни правила, но засега решение нема.

Од први април почнува рокот кога земјите од ЕУ би можеле строго да го применат правилото за максимален 90-дневен престој. Во пракса, тоа значи дека бројот на можни тури ќе се намали, што сериозно ја загрозува одржливоста на бизнисот и работата на возачите.

Слични новости

Вработените во Македонски пошти на протест

Вработените во Македонски пошти на протест

Празните сметки на над илјада вработени ја запреа работата на Македонски пошти. Синдикатот што го организира протестот велат дека ова не е прво доцнење на платите, ниту, пак, ќе биде последно доколку во најкраток можен рок не им бидат исплатени заработените средства.