Одбраната на поранешниот директор на царинската управа Стефан Богоев поднесе жалба за притворот за Богоев, кој се гони за местење тендер.

Богоев заедно со уште три лица се гонат дека ја изиграле постапката и ја фаворизирале фирмата РЕМОНДИС МЕДИСОН од Битола која го добила договорот за надворешно одржување на хигиена на гранични премини и терминали вреден над 300 илјади евра.  Кривичниот суд им изрече притвор од 30 дена.

 

Адвокатката на Богоев Сања Алексиќ изјави дека не очекувала судот да определи притвор особено затоа што станува збор за предмет кој е од финансиска природа, а не насилен криминал.„Ние понудивме гаранција, понудија и другите бранители за другите осомничени“, рече адвокатката.

 Обвинителката Искра Хаџивасилева изјави дека ќе се обезбедуваат и дополнителни докази и нивните проценки во моментот го оправдуваат барањето за притвор. Притворот се бараше поради опасност од бегство и да не се влијае на сведоците.

Слични новости

Собранието ќе одлучува за продолжување на кризната состојба – Владата предложи мерката да трае до 20 октомври

Собранието ќе одлучува за продолжување на кризната состојба – Владата предложи мерката да трае до 20 октомври

Пратениците денеска ќе расправаат за Предлог одлуката за продолжување на кризната состојба поради можни нарушувања во снабдување со нафта и нафтени деривати. Според предлогот на Владата, мерката треба да важи од 21 јули до 20 октомври.