Долгоочекуваното продолжение на хитот „Ѓаволот носи прада“ за кој Мерил Стрип доби Оскар, денеска беше најавено и со трејлер. Во филмот кој повторно е посветен на модната индустрија, 20 години подоцна повторно играат Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенли Тучи од оригиналниот каст.

„Ѓаволот носи прада 2“ ќе ја има премиерата во кино салите на први мај , а е во продукција на Дизни. Освен оригиналниот каст од филмот, во продолжението играат и Кенет Брага, Симон Ашли и Калеб Хирон.

Сценаристка на филмот е Алин Брош МекКена која го напиша сценариото и за првиот филм базирано на истоимената книга од 2003 на Лорен Веисбергер.

Слични новости

Нетфликс го најави емитувањето на документарецот „Диносаурусите“ на Стивен Спилберг

Нетфликс го најави емитувањето на документарецот „Диносаурусите“ на Стивен Спилберг

Новиот документарец „Диносаурусите“ на Нетфликс е во продукција на Стивен Спилберг, а нарацијата е на Морган Фримен. Визуелните ефекти и анимациите за „Диносаурусите“ ги изработи студиото на Џорџ Лукас