Режисерот Денис Вилнев кој сметаше дека приказната за „Дина“ заврши со вториот филм, сепак се реши да сними трилогија, по одличниот прием на публиката на „Дина 2“.

Тој најави дека третиот дел од филмот е сосема поинаков од првите два. „Ако првиот дел беше контемпација за момче кое го истражува новиот свет, а вториот дел беше воен филм, третиот дел е трилер. Филмот е исполнет со акција и тензија“ најави режисерот Вилнев.

Третиот дел од филмот се случува 17 години по „Дина 2“ каде што Пол Атедес се соочува со последиците на тоа што има концентрација на преголема моќ. Сепак во центарот на филмот останува неговата љубовна врска со Чани.

Кастот на „Дина3“ останува истиот со Тимоти Шаламе, Хавиер Бардем и Зендеја во главните улоги.

Слични новости

Пол Макартни најави нов албум

Пол Макартни најави нов албум

Легенадрниот басист на Битлси Пол макартни подготвува нов албум со наслов „The Boys of Dungeon Lane“. Албумот е создаден во соработка со продуцентот Ендру Вот и ќе биде објавен на 29 мај