Министерството за финансии објави Проспект за издавање нова емисија Граѓански обврзници. Станува збор за четврта емисија Граѓански обврзници коишто ќе бидат со рок на доспевање 2 години и каматна стапка од 4,6% годишно.
Граѓанските обврзници може да се запишат во филијалите на деловните банки во земјава до 1 декември 2026 година и да учествуваат на аукцијата која е закажана за 3 декември 2026 година.
Миниманиот износ што граѓаните може да го запишат е 10.000 денари, односно една граѓанска обврзница. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари.
Датумот на достасување на обврзниците е 11 декември 2029 година. Каматата за првата година достасува на 11 декември 2028 и за втората година на 11 декември 2029 година.
Слични новости
Во сабота протест во Охрид против насилството врз жените
На 21 ноември, сабота, од 12 до 14 часот во Охрид ќе се одржи мирен граѓански протест против фемицидите, родово базираното и семејното насилство и институционалното непостапување.
ВРЕДИ до Ахмети: Наместо „Отворен Балкан“, приоритет треба да бидат Косово и Албанија
Коалицијата ВРЕДИ упати остри критики до лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по неговите ставови за регионалната соработка и концептот „Отворен Балкан“.
Во парламентот продолжува расправата за буџетот за 2027
Буџетскиот дефицит ќе изнесува 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП. За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари, а за плати речиси 57,2 милијарди денари.


