Засилено полициско присуство и претреси на повеќе локации утрово во Куманово се дел од голема акција на МВР за разбивање организирана криминална група.
Групата е осомничена дека подолг период дејствувала во Куманово и пошироко, занимавајќи се со изнуда, лихварство, перење пари, закани и уцени.
Според неофицијалните информации, за организатор на групата се сомничи лице со прекар Штука, а меѓу осомничените има и други лица познати на кумановската криминална сцена. Во рамки на акцијата, покрај објекти поврзани со осомничените, се проверуваат и нотарска канцеларија и менувачница поради можни поврзаности со истражуваните активности.
При досегашните претреси, според медиумските информации, биле пронајдени пари, возила и документација.
Слични новости
Остри критики на адреса на Фондот по одлуката за проверка на боледувањата
Дел од лекарската фела со остри критики на адреса на Фондот, по најавите за намалување на деновите за боледување од 7 на 5. Велат, времетраењето треба да го диктира дијгнозата, а не административни протоколи.
ЕСМ платила милиони за набавки што не ги користела констатира ДЗР
Се правеле набавки кои не се користеле, се склучувале договори со само една понуда, се ограничувала конкуренцијата, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија за работењето на ЕСМ.
Мултифондови за похрабро инвестирање и повисоки приноси наместо укинување на вториот пензиски столб
Парите од вториот пензиски столб не се оплодуваат доволно, но решението не е во укинување на вториот столб, туку во негова реконструкција. Пензиските друштва го гледаат решението во законски измени кои ќе овозможат похрабро, но и поризично инвестирање на пензиските заштеди, кои ќе носат и повисоки приноси.


