Основното јавно обвинителство Скопје нареди обдукција на телата на мајката и малолетната ќерка кои починаа по пад од висококатница во скопската населба Карпош.
Дежурен јавен обвинител извршил увид на местото на настанот и наложил прибирање траги и докази за расчистување на случајот.
Од Обвинителството информираат дека се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за трагедијата.
Повеќе детали за преземените дејствија најавуваат за денеска. Во меѓувреме, на социјалните мрежи се огласи братот на починатата, велејќи дека станува збор за долгогодишно семејно насилство и дека во случајот потфрлиле институциите.
Слични новости
Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ
Според податоците од Статистичкиот годишник за 2025 година на Државниот завод за статистика, очекуваниот животен век за периодот 2022-2024 во Македонија е 76,63 години
Обвинение против екс правобранителот Фехми Стафа
Јвен обвинител поднесе обвинителен акт против Стафа за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание,.
Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам
Верниците од исламска вероисповед во земјава и ширум светот денеска го прославуваат Рамазан Бајрам, еден од петте клучни столбови на исламот.


