Поранешниот претседател на САД Барак Обама денеска изјави дека американскиот народ со гласањето порача дека сака политика која ги спојува, а не ги дели луѓето.

Обама оцени и дека резултатите на Демократите се последица на тоа што во сите делови на Америка се појавија одлични кандидати, вклучувајќи ги и државите за кои неодамна се сметаше дека победата на Демократите е речиси невозможна.

Обама рече дека на администрацијата на Трамп им преостануваат уште две години од мандатот, но задачата на Демократите е да работат, да спроведат промени, да ги спречат натамошните штети од актуелната администрација и да ги постават темелите за иднината.  

Слични новости

Трамп бесен поради сојузот меѓу Канада и ЕУ, се закани со нови царини

Трамп бесен поради сојузот меѓу Канада и ЕУ, се закани со нови царини

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече „смешен“ предлогот на Европската унија Канада да стане нејзина придружна членка и се закани со воведување на „многу сериозни царини“ или намалување на трговијата со ЕУ.