Британските медиуми пишуваат дека сопственикот на Нотингем Форест Гркот Евангелос Маринакис испратил понуда од 82 милиони евра до лондонскиот клуб Брентфорд за нивниот центарфор Игор Тијаго.
Бразилскиот центарфор има договор со Брентфорд до 2031, но високата понуда може да доведе до негов трансфер во Нотингем Форест пред крајот на преодниот рок.
Игор Тијаго во минатата сезона беше втор стрелец на Премиер лигата со 22 гола. Брентфорд го доведе Тијаго од Бриж во 2024, а пред тоа Бразилецот играше за бугарскиот клуб Лудогорец.
Слични новости
Ришарлисон остана без ангажман
Бразислкиот напаѓач и некогашен репрезентативец Ришарлисон не успеа да најде ангажман во преодниот рок, а во Тотенхем е прецртан и не е ниту регистриран за новата сезона.
Сабаленка и Рибакина во финалето на УС Опен
Првата тенисерка во светот Арина Сабаленка и втората на ВТА листата Елена Рибакина се пласираа во финалето на УС опен во женска конкуренција што се игра во Њујорк.
Тренерот на Фенербахче Исмаил Картал поднесе оставка по вчерашното реми против Рома во ЛШ
По нерешените 1:1 против Рома на домашен терен во Истанбул тренерот на Фенербахче Исмаил Картал поднесе оставка на конференцијата за печатот. Тимот денеска се собра во тренинг центарот, но Картал не се појави на тренингот.


