Нони Мадуеке е најголемото промашување во Премиер лигата засега. Арсенал за него плати 56 милиони фунти, а Мадуеке е без постигнат гол во Премиер лигата точно една година.
Нони Мадуеке сезонава постигна три гола, но во натпреварите од Лигата на шампионите, додека во Премиер лигата на 14 натпревари нема постигнато гол, ниту асистенција.
Мадуеке беше доведен да биде алтернатива за Букајо сака, но во моментов, како што пишуваат спортските медиуми, не може да биде ниту резервна опција и се повеќе се коментира дека е најголемото промашување во Премиер лигата.
Слични новости
НБА го сведе списокот на кандидати за МВП на три имиња: Јокиќ, Вембенјама и ШГА
Фаворит според американските медиуми е ШГА кој во просек постигнува над 30 коша по натпревар, кој и минатата година беше прогласен за МВП на лигата.
Орландо Меџик се пласираше во плеј офот по победа врз Шарлот
Последниот учесник на плеј офот во Источната конференција е тимот на Орландо Меџик кој утринава го победи Шарлот Хорнест во елиминацискиот натпревар од плеј инот со 121:90.
Голден Стејт Вориорс елиминирани во плеј инот од Феникс
Голден Стејт одигра слаб натпревар, а потфрли и првата ѕвезда на тимот Стеф кари кој имаше шут 3 од 10 за тројка.
Со тоа Феникс во првото коло ќе игра против првопласираната Оклахома, а Портланд ќе игра против Сан Антонио.


